Организаторите на трката за Големата награда на Холандија го потврдија одржувањето на Формула 1 трката во септември со присуство на гледачи, објави официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Холандската влада дозволи трибините на автодромот „Зандворт“ да се полнат до две третини од максималниот капацитет, поради ограничувања поврзани со корона вирусот. Тоа значи дека околу 70 илјади луѓе ќе можат да ја посетат трката од сезоната 2021 година.

Етапата од Големата награда на Холандија ќе се одржи од 3 до 5 септември 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.