Трката од Светското првенство во Формула 1 за Големата награда (ГН) на Сингапур е откажана втора година по ред поради пандемијата на коронавирус, соопштија организаторите.
Ноќната трка низ улиците на Сингапур требаше да се вози на 3 октомври.
Одлуката втора година по ред да ја откажеме трката беше многу тешка, но, неопходна имајќи ги предвид рестрикциите што се на сила за следење настани во живо во Сингапур. Немаше да бидеме во можност соодветно да одговориме на потребите на навивачите, а притоа да го заштитиме здравјето и безбедноста, изјави Колин Син, потпретседател на компанијата „Singapore GP Ltd“, која ја организира трката.
ГН на Сингапур е втора трка што отпадна од календарот сезонава во Ф1, по Канада, а неизвесно е и одржувањето на трките во Јапонија, Бразил, Мексико и Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.