Страшни спортски вести пристигнуваат од Ерменија и се однесуваат на тековната војна меѓу земјата и Азербејџан во регионот Нагорно Карабах.

Ерменската федерација за кревање тегови објави дека повеќекратниот национален шампион Татул Харутанин е убиен во борбите во зафатената со војна област.

Федерацијата ја објави веста за смртта на спортистот на Фејсбук, но не даде повеќе детали за тоа како се случила трагедијата.

Со големо жалење ве известуваме дека за време на тензиите во Нагорно Карабах, беше убиен член на АПФ, повеќекратен шампион на Ерменија и нашиот добар пријател Татул Харутјан. Ве молиме, прифатете ги нашите најдлабоки сочувства од името на Ерменската федерација за кревање тегови. Почивај во мир, херој, се наведува во соопштението.

Борбите меѓу Еременија и Азербејџан околу регионот Нагорно Карабах влегоа во втората недела, при што двете земји објавуваат спротивставени информации за конфликтот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.