Паметната борба на Британецот Ентони Џошуа му донесе победа соодлука во дуелот за светската титула во бокс, тешка категорија. Џошуа го победи фајтерот Енди Руис и си ја врати титулата која му беше одземена од мексиканскиот боксер од Калифорнија.
Борбата се одржа на 20 километри од Ријад, на стадион со 15.000 седишта кој беше изграден за само 56 дена. Џошуа втор пат во кариерата боксуваше надвор од Велика Британија. Во јуни во Њујорк загуби од Руис, па вечерва првпат победи надвор од својата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.