Британскиот тенисер Енди Мареј успешно тргна на Грен Слем турнирот Вимблдон и забележа победа во првото коло.

Мареј, кој е 118. место на АТП-листата и на овој турнир влезе со „вајлд-карта“, на стартот славеше над Николоз Басилашвили, со 3-1 во сетови (6-4, 6-3, 5-7, 6-3). На теренот во Лондон видовме голема борба, која траеше три часа и 15 минути.

Мареј во следната фаза на Вимблдон ќе се соочи со квалификант, затоа што меѓусебе играат Оскар Оте (151 на АТП-листата) и Артур Риндеркнех (109 на АТП-листата).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.