Досегашниот боксерски шампион во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО верзиите во тешка категорија Британецот Ентони Џошуа загуби од Украинецот Александар Усик.
На боксерско шоу што се одржа на стадионот на Тотенхем, Усик победи со едногласна одлука на судиите. Резултатот кај тројцата судии беше 117:112, 116:112 и 115:113.
Усик е вториот боксер во историјата што стана апсолутен шампион во тешка категорија со обединети сите титули. Тој го повтори постигнувањето на поранешниот светски шампион во две дивизии Ивандер Холифилд.
Украинецот го стори тоа многу побрзо од Холифилд, по само 19 борби во професионалниот ринг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.