Во Лондон Ентони Џошуа со нокдаун го совлада бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев и така ги задржа ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО титулите светски шампион во бокс во тешка категорија.

Британецот во рингот не беше цела година, а пред одржувањето на борбата беше голем фаворит.

Клучниот момент се случи во деветтата рунда, со еден жесток удар Џошуа го испрати Пулев на подот, судијата му броеше на Бугаринот кој стана, но не можеше да го продолжи мечот.

Џошуа после овој успех дојде до 24 победа во неговата кариера, додека 39-годишниот Пулев е поразен по вторпат (има 28 победи).

Џошуа според договорите заработи 10 милиони фунти, додека Пулев три. Тоа е изненадувачки мала заработка за тешкашки првак на светот, но очигледно кризата предизвикана од коронавирусот си го направи своето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.