Се очекува енергичен и впечатлив настап на полувремето на Супер Боул 2020 од две латино дами. Џенифер Лопез и Шакира дефинитивно ќе ја раздвижат публиката во Мајами, Флорида.

Славните пејачки одржаа прес-конференција за претстојниот спортски настан, кој секогаш е зачинет со музички перформанс.

Тие ветија неверојатно шоу, но и зборуваа за неодамнешната смрт на Коби Брајант.

„Тоа повторно нè потсетува колку кревок е животот, дека треба да го цениме секој момент и да ги сакаме луѓето кога се тука и да не чекаме. Толку лесно сè може да ни биде одземено“ – рече Лопез.

Потоа мислам на Ванеса, како мајка која го изгубила најдобриот пријател и партнер и своето дете. Помислувам колку лошо ѝ е во моментов… Се молам на Бог да ја води низ секој момент, затоа што таа има уште три бебиња за кои мора да се грижи“ – дополни Лопез.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.