Финалето во скокови во височина ни ја донесе најсимпатичната сцена од досегашниот тек на Олимписките игри, бидејќи двајцата најдобри скокачи, на крајот одлучија да го поделат златниот медал и заедно да го освојат најсјајното одличје.

Катарецот Мутаж Еса Баршим и Италијанецот Џанмарко Тамбери беа израмнети откако без проблеми скокнаа 2 метри и 37 сантиметри, но откако имаа неколку неуспешни обиди да скокнат 2,39, добија интересно прашање од судијата.

Арбитарот им порача дека можат да скокаат се додека некој не постави подобро време, или да го поделат златниот медал кој обично завршува на градите на еден натпреварувач.

Баршим беше изненаден и го праша судијата дали навистина може да се случи тоа, а откако доби потврден одговор, само му климна со главата на Џанмарко и двајцата станаа нови олимписки шампиони.

Оваа извонредна слика ни ја донесе најубавата олимписка сцена на летните игри во Токио, но истовремено ни покажа дека пријателството знае да дојде до израз и кога двајца се натпреваруваат на професионално ниво. По настапот, двајцата открија дека се многу добри пријатели и не ја криеја гордоста што го делат златниот медал меѓусебно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.