Атлетичарот дарио Ивановски, кој е државен шампион во две дисциплини реагира на списокот со ваучери за 2021 година, што ги дава Агенцијата за млади и спорт, а кои служат за финансирање на македонскиот спорт.

Ивановски во 2017 година ја освои полумартонската трка во Белград, а следната година и во Скопје. На Балканското првенство во Истанбул го освои 4. место, а на трката на 3.000 метри постави нов државен рекорд со време од 8:14:44.

За трката на 1.500 метри велат дека е „кралска“ дисциплина, а токму на оваа трка минатиот месец на атлетското првенство на Србија во сала, Ивановски заврши прв и постави нов државен рекорд на Македонија.

Истрча со време од 3 минути, 45 секунди и 45 стотинки, што е за речиси 5 секунди подобро од неговиот претходен резултат забележан пред две години во Бугарија.

Ивановски е разочаран и револтиран од државната помош што ја доби за оваа година во износ од 38.000 денари и вели дека ќе почне да трча на улични трки за да собере пати.

Што да им кажеме на следните генерации, да се занимаваат со спорт или да бегаат подалеку од него?“ – прашува Дарио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.