Каратистот Драган Стојановски е добитник на наградата “8 Септември“ за животно дело. Тој како претседател на Карате Федерацијата рече дека оваа награда е мотив за уште подобри резултати.

Со наградата “8 Септември“ од областа на спортот се закитија и борачот Томе Коцев, лекарот по спортска медицина Слободан Николиќ, кајакарот Атанас Николовски и фудбалерот на Вардар Кочо Димитровски.

Наградите се доделија во Собранието на РСМ, а како што рече претседателката на одборот, Ленче Алексовска, наградата “8 Септември“ им е доделена најдобрите во последниве години кои оставиле трага во спортот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.