Ига Швјонтек, 19-годишната тенисерка од Полска, е сензационален победник на „Ролан Гарос“. Таа во големото финале ја победи Американката Софија Кенин со 6:4, 6:1.

На Швјонтек и беа потребни само 80 минути за да стигне до првата Гренд-слем титула во нејзината кариера, до која стигна како 54-та во светот.

Со тоа стана најниско рангирана шампионка на турнирот во Париз, совладувајќи ја 2 години постарата ривалка од САД, која триумфираше на Австралија опен во февруари.

Исто така, Ига е прва носителка на Гренд-слем турнир од Полска, а колку импресивно играше сведочи и фактот дека не пропушти ниту еден сет на патот кон трофејот.

Среќна сум, не знам што да кажам. Пред две недели ме немаше никаде, а сега победив, изјави Ига по мечот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.