Девет месеци откако се зарази со корона вирус, 39-годишниот Етиопиец, Кенениса Бекеле, најави дека в недела ќе се обиде да го урне светскиот рекорд во маратон на патеката во Берлин, која пред две години ја истрча само две секунди поспоро од најдобриот резултат на сите времиња.
Светскиот рекорд во маратон од 2003 година на патеката во Берлин беше соборуван дури седум пати.
Во 2018 година, светскиот рекорд го собори Кениецот Елиуд Кипчоге, кој стана првиот човек во историјата, кој маратонската трка ја истрча под 2 часа и 2 минути (2:01:39).
Пред две години дојдов тука со желба да го соборам личниот рекорд и малку се плашев да одам во чекор со светскиот рекорд. Но, овој пат сум многу сигурен и ќе се обидат да го соборам тој резултат – најави Бекеле.
Негов најголем конкурент на трката се очекува да биде сонародникот Гује Адола, кој својот личен рекорд го постави токму во Берлин во 2017 година (2:03:46).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.