Тенискиот свет денеска ќе има можност да ужива во уште еден класик, во кој двајцата најдобри тенисери на денешницата – Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе се натпреваруваат во финалето на Ролан Гарос.
Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот, кој има неверојатни 12. титули на Отвореното првенство на Франција, досега се сретнале дури 55 пати, а Србинот забележал три победи повеќе – 29:26.
Нивното 15-годишно ривалство е најдолго во историјата на тенисот, а оние кои се малку подобро информирани, се сеќаваат дека Ноле и Рафа за првпатги вкрстија рекетите токму во Париз, уште во 2006 година.
Тоа беше во четвртфиналето на Ролан Гарос, кога Шпанецот водеше со 2:0 во сетови, 6:4, 6:4, а Новак, тогаш 63. играч на планетата, мораше да се откаже од мечот поради повреда на грбот.
Во нивното прво финале, победи Надал, тоа беше во Индијан Велс. Сепак, подоцна работите започнаа да се менуваат, па Ѓоковиќ поведе, како на АТП ранг-листата, така и во нивните меѓусебни дуели.
Последен пат се сретнаа на АТП Купот во Австралија на почетокот на 2020. година, кога Ѓоковиќ славеше во два сета со резултат 6:2, 7:6.
Сепак, никој не може да ги заборави сите нивни големи финалиња, битките во Рим, Париз, Њујорк, Мелбурн, па не е изненадувачки што сите денеска едвај го чекаат и новиот судир на два тениски камења во потрага по нова титула на Грен Слем.
Надал во моментов има 19., Ѓоковиќ 17. и добра шанса да ја намали разликата во Париз, кога не успеа на УС Опен, каде што остана без трофеј поради несреќни околности, ненамерно удирајќи го линискиот судија во вратот, по што е дисквалификуван.
И уште нешто. Рафаел Надал има импресивни 99-2 на Ролан Гарос, а Ѓоковиќ, со исклучок на елиминацијата на Пабло Карен Буста поради дисквалификација, нема пораз во 2020. година. Соодносот на победа и порази е 37-0.
Натпреварот се игра со почеток од 15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.