Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, повторно се закити со златен медал на Г1 светскиот куп, мулти европското првенство во Софија 2019 година.

Овој силен светски куп, Дејан го освојува втора година по ред, а на него се натпреваруваа над 2000 натпреварувачи од целиот свет.

Дејан дојде до златото преку трите борби кои ги доби убедливо, прво го совлада Гркот Атанасиос Димотракопулус со 30:1, потоа Бразилецот Гуилхерме Цезрио Феликс со 16:10, а на крај го доби и Русинот Олег Кузнетцов со 17:9.

Воедно на неговото конто ќе бидат пресметани и нови бодови за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Останатите македонски претставници имаа солидни настапи. Анамарија Георгиевска победи во првото коло против Русинката Екатерина Митрофанова, но загуби второто. Другите загубија во прво коло, но сите со тесен резултат.

За МАКЕДОНИЈА, СО ЦЕЛО СРЦЕ, порача нивниот тренер Дарко Костовски кој за овие одлични резултати информираше преку својот Фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.