Македонскиот спортски херој, освојувачот на сребрен медал на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски, од плоштадот Македонија им се обрати на насобраните луѓе кои дојдоа да го поздрават и прослават големиот успех.
Немам зборови со кои можам да го опишам чувството. Мојот тренер Дарко Костовски, од трибините ми даваше дополнителна енергија во секоја борба кога ми беше најпотребно. Од почетокот е со мене и многу карактеристики ги прифатив од него. Другиот тренер Борче Костовски е исто така „виновник“ за медалот од Олимпијадата. Тој ја направи прецизно стратегијата која не донесе до успехот.
Благодарност до семејството кое ми даваше безрезервна поддршка. Ветивме златен медал, донесовме сребрен, но уверен сум во Париз 2024 година ќе биде злато. Како и да е ветувањето за медал го исполнивме.
Сигурен сум дека на следните Олимписки игри ќе имаме повеќе А-норми и медали, посебно во теквондо. Им посакувам успех на другите Македонци кои останаа во Токио. Посакувам да ја израдуваме Македонија повторно. Да живее Македонија – истакна Георгиевски во обраќањето до присутните во центарот на Скопје.
Георгиевски попладнево се врати од Токио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.