Mојата политичка партија е Македонија, и како и што кажаа моите тренери, јас никогаш нема да бидам дел од политички настани кои ќе носат одредени политички поени на политички партии. Овој историски успех е лична сопственост на Македонија, се ќе дадам тоа секогаш да остане така, изјави во интервју за „Фокус“ освојувачот на сребрениот олимписки медал во теквондо Дејан Георгивски. Тој историскиот успех го постигна на Летните олимписки игри (ЛОИ) кои се во тек во Токио.
Единствено припаѓам на Македонија и на сите луѓе кои ме бодреа, верувајте чувствувам како тоа да беше буквално цел народ, кога се движам по улица нема човек што не ми честита за успехот, многу ми е мило што цел народ е со мене, без разлика на етникум или вера. Како потсетување, бев кај премиерот на прием на негово барање, треба да одам на прием и кај претседателот, првиот човек на опозицијата ме покани на едно спортско качување на Водно и тука апсолутно немаше ни еден збор за политика. Стојам на располагање на сите луѓе во Македонија за дружба, посебно ако станува збор за спортско дружење, тоа нема шанси да го одбијам. Јас не гледам ништо низ призма на политика, за мене сите луѓе се исто и кон сите луѓе имам ист третман, можеби во иднина со мене ќе сакаат да се фотографираат многу други луѓе од од разни политички партии и слично, јас секако нема да одбијам да се фотографирам со никој, затоа што, да повторам, едноставно за мене сите луѓе се исто и не можам да ги гледам низ призма на било какви разлики. Врвниот спорт нема време за политика и поделби, мене ме интересира само спорт и Македонија, се борам за да ја направам горда, мислам дека успеав на 27-ми јули, ќе продолжам и понатаму, изјави Георгиевски за „Фокус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.