Полјакот Давид Томала ја освои олимписката титула во брзо одење на 50 километри во трката одржана во Сапоро, на островот Хокаидо.

За 31-годипниот Томала ова беше само втора негова трка во оваа дисциплина на која се префрли неодамна од трките на 20 километри со образложение дека „бара нов предизвик‘.

Полјакот дојде до златниот олимписки медал со 36 секунди побрзо време од второпласираниот Џонатан Хилберт од Германија, додека бронзениот медал го освои Еван Данфи од Канада со 51 секунда заостанување зад Томала.

Олимпијдата во Токио е последната на која се трчаше оваа дисциплина. Трката во брзо одење на 50 километри беше на програмата на сите Олимписки игри од Лос Анџелес 1932, со исклучок на Монтреал 1976, но нема да биде на програмата на следните Олимписки игри што за три години ќе се одржат во Париз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.