Во Струмица во организација на ППК Астраион Мега Спин од струмица се одржа последното државно првенство за оваа сезона. Државни прваци во категоријата Сениори до 21 година станаа Дамјан Стојчев од ППК Шампион ФА од Штип, и Ана Стојановска од ППК Крива Паланка. За Ана ова е втора титула државен првак,откако само пред осум дена ја освои титулата и во јуниорска конкуренција.

 Во конкуренција на сениори во натпреварите во групи изнанадувачки вториот носител Теодор  Волкановски,  и третиот носител  Даниел Главевски Зхоу не ги завршија групните натпревари како првопласирани во групите. Поради тоа ја изгубија привилегираната положба за главниот ждреб и рано ги завршија натпреварите.
Стојчев во финалето славеше победа со убедливи 4:0 против Нико Доага од ППК Крушево. Со идентичен резултат Ана Стојановска во финалето во женска конкуренција беше подобра од Ива Димитриевса од ППК Рисови

Пласман Сениори У – 21
1. Дамјан Стојчев
2. Нико Доага
3. Лука Стојчев, Александар Јакимовски
  Пласман Сениорки У – 21  
1. Ана Стојановска
2. Ива Димитриевска
3. Софија Хасану, Бојана Михајловска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.