Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен стигна до својата прва Формула 1 шампионска титула на спектакуларен начин.

Хамилтон имаше огромна предност на пет круга пред крајот и се чинеше дека се е готово. Сепак, по инцидентот што се случи на патеката, Верстапен се врати во борбата за титулата и успеа да влезе во историјата со претекнување во последниот круг.

На претекнувањето му претходеше излегувањето на безбедносното возило на патеката, како и спорните одлуки на управата на трката.

Холанѓанецот го искористи периодот под безбедносното возило и ги смени гумите, а на две кола пред крајот управата одлучи дека мора да ги врати позициите, а потоа да ја промени таа одлука и дозволи последниот круг да се вози без безбедносни возила.

Во најнеизвесниот финиш во историјата на натпреварувањето, Верстапен направи чудо.

Погледнете како тоа изгледаше:

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.