Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го загуби трпението на натпреварот против Ник Кирјос, во кој доживеа пораз со 1-2 во сетови (6-7, 7-6, 6-7).
Драмата се случи по крајот на првиот сет, кога Циципас исфрустриран го искрши рекетот.
Додека мафташе со него, го удри татко си, кој воедно е и негов тренер, па му ја повреди раката и тој замина да седи на друго место.
Нервозниот Циципас за лошите потези доби „лекција“ од мајка си, која се симна во првиот ред на трибината и почна да го прекорува.
Uh…
🎥 @primevideosport pic.twitter.com/ooa72qyJXi
— Matthew Willis (@MattRacquet) January 7, 2020
Победата на Кирјос над Циципас значеше и триумф на Австралија над Грција во рамки на АТП Купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.