Славниот поранешен тенисер, Андре Агаси, десет месеци му беше тренер на Новак Ѓоковиќ, а нивната соработка прекина во мај 2017 година.
Сега, четири години подоцна, Агаси се огласи и откри зашто се разделил со Ѓоковиќ.
Имав желба да помогнам. Моите причини беа такви што верував дека Новак може да го извлече најдобро од себе. Но, потоа мора да бидете искрени кон себе, мојата цел беше да помогнам и доколку чувствувате дека се наоѓате сами на патот, го запирате или се мешате во процесот – тогаш е најдобро да се тргнете на страна – изјави Агаси за Си-Ен-Би-Си.
Поранешниот грен слем шампион се надева дека барем малку му помогнал на Ѓоковиќ во кариерата.
Пречесто бевме согласни дека не се согласуваме и тоа беше ОК. Новак искористи многу од тоа што го работевме и се надевам дека му помогна – додава Агаси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.