Според резултатите од новите тестови направени од 17 до 19 јули, на Олимписките игри во Токио се евидентирани уште девет случаи на заразени со корона вирусот.
На веб-страницата на организацискиот одбор Токио 2020 е објавено дека новите случаи се спортист од Јапонија, член на персоналот на една од екипите што пристигнаа во Јапонија, еден локален волонтер и шест локални изведувачи кои работеле на Олимписките игри.
Вкупно, од 1 јули навака, бројот на заразени достигна 71 лице, вклучително и 31 странци. Сите тие се поврзани со Игрите.
За потсетување, од 12 јули во Токио е воведена вонредна состојба поради влошената состојба на епидемијата.
Летните олимписки игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.