Познатиот бразилски ММА борец Мауро Сауле е убиен по тепачка која се случила во ноќен клуб.

Според странските медиуми, Мауро бил  излезен  со пријателка, а до инцидентот дошло кога се расправал со девојка која била во друштво на воени полицајци кои не биле на должност.

По жестока расправија конфликтот ескалирал, а бразилските медиуми пренесуваат дека во тој момент полицаецот извадил пиштол и ги застрелал Саулет и неговата пријателка.
Мауро некако успеал да побегне од ноќниот клуб, а додека трчал по улиците, ММА борецот изгубил контрола над возилото, удрил во друг автомобил и потоа се повредил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.