Валтери Ботас ја забележа својата трета пол- позиција од почетокот на сезоната 2020 во Формула 1, откако триумфираше на квалификациите за Големата награда на Ајфел.

Финецот, кој беше најбрз и на единствениот слободен тренинг одржан порано денес, беше бескомпромисен во одлучувачката трета фаза од квалификациите и триумфираше со водство од 0,256 пред својот колега во Мерцедес – Луис Хамилтон.

Трет утре ќе биде возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој во текот на целата сесија денес изгледаше како сериозен кандидат за победа и дури беше лидер по првите обиди во Q3, но немаше одговор за силното темпо на „црните стрели“ во вторите излегувања на последната сесија.

Изненадувачки четврти денес беше Шарл Леклер со Ферари, кој беше само 0,012 побрз од Алекс Албан од Ред Бул, во битката за четвртото место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.