Во формула 1 шампионатот денеска се возеше 16-тата трка во сезоната, и тоа за ГН на Турција.
На патеката во Истанбул, најдобар беше Валтери Ботас од Мерцедес. Финецот ја искористи пол-позицијата и стигна до својата прва овосезнонска победа, а лјубилејна 10-та во кариерата.
Зад него трката ја завршија возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перез.
Актуелниот светски првак Луис Хамилтон кој стартуваше од 11-тата позиција на крајот заврши како пето пласиран.
Ваквиот расплет во Истанбул, го промовира Ботас во лидер во Генералниот поредок со шест бодови повеќе од Хамилтон.
Следната трка во Ф1 шампионатто на програмата е за две седмици на 24 октомври, кога во Оустин, Тексас, ќе се вози американското Гранд-при.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.