Групата за техничка анализа при КОНМЕБОЛ прогласи двајца играчи за најдобри во Купот на Америка.

Изборот падна на напаѓачите Лионел Меси (Аргентина) и Нејмар (Бразил), чии репрезентации ќе се сретнат во финалето.

Нејмар постигна два гола и направи три асистенции на турнирот, додека Меси има четири гола и пет асистенции.

Во изјавата на веб-страницата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација беше забележано дека е невозможно да се избере само еден фудбалер кога има двајца најдобри  на турнирот.

Натпреварот меѓу Бразил и Аргентина ќе се одигра вечер во 2 часот по полноќ на „Маракана“ во Рио.

Покрај финалето на ЕП, денеска се игра и финалето на Вимблдон



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.