Во тешка несреќа во Австрија загина легендарниот словенечки сноубордер Марко Грлиќ (38), поранешен младински светски првак. Како што објавија словенечките медиуми, Грлиќ загинал за време на санимање на промотивно видео во ски-центарот Селден.
Грлиќ снимал еден тежок спуст, по што пропаднал во длабок снег во еден момент и удрил во карпа, која не се гледала од големата снежна покривка. Бидејќи не носел заштитна кацига, уште повеќе настрадал. Сноубордерот експресно бил префрлен во болница, а лекарите се обиделе да го реанимираат, но сето тоа залудно.
Словенецот беше еден од најуспешните сноубордери, четири пати беше јуниорски светски првак, беше и втор во Светскиот куп, а освојуваше медали на Икс-игрите, по што се повлече и се посвети на промоција на овој спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.