Една од најубавите тенисерки во историјата, Габриела Сабатани, наскоро ќе го прослави својот 50-ти роденден, но сè уште привлекува внимание со својот изглед.

Убавата Аргентинка, која остави траг во доцните 80-ти и раните 90-ти години во женскиот тенис, со тој спорт почнала да се занимава уште како 6-годишно девојче.

Меѓу бројните титули кои ги освоила, се истакнуваат сребрените олимписки медали во поединечниот натпревар од 1988-ма година и две титули од „Grand Slam“, една во подинечен натпревар, а една во пар. Во кариерата освоила вкупно 41 турнир, од кои 27 биле поединечни, а 14 во парови.

Иако никогаш не стигнала до титулата најдобра тенисерка на светот, професионалната кариера ја завршила на 26 години и се посветила на линија со парфеми, позади кои таа лично се потпишува.

точка.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.