Австралијката Ешли Барти е победничка на женскиот турнир на „Ролан Гарос“ откако ја победи Маркета Вондрусова со убедливи 2-0 (6-1 и 6-3).

Мечот против тинејџерката Вондрусова траеше едвај 72 минути, по што Барти стана првата Австралијка која го освоила Ролан Гарос по Маргарет Курт во 1973 година. Со оваа победа, Барти од понеделник ќе се најде на второто место на ВТА листата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.