Поранешниот првак во Формула 1, Фернандо Алонсо денеска итно бил примен во болница во Швајцарија, откако бил удрен од автомобил додека возел со својот велосипед.
Неговиот тим Алпине (Рено), објави дека Шпанецот е свесен и комуникативен, а утре ќе му бидат извршени дополнителни медицински тестови. Нема детали какви повреди заработил Формула 1 возачот, но очигледно несреќата воопшто не била наивна.
Алонсо најверојатно ќе го пропушти стартот на новата сезона во Формула 1, каде што се врати по пауза од две години. Првата трка е закажана за во Бахреин во месец март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.