Австралиецот Џејми Кермонд (36) кој се натпреварува во коњички спорт (прескокнување пречки) е суспендиран од Олимписките игри во Токио, откако покажа позитивни резултати на кокаин. Тестирањето било направено на 26 јуни, а од асоцијацијата на јавачи соопштија дека му даваат поддршка на Кермонд.

– Резултатот од тест е веројатно последица на еднократна употреба на кокаин за време на општествен настан кој нема врска со мојот спорт. Многу сум вознемирен, се каам и во целост ја прифаќам одговорноста. Жалам што ги изневерив луѓето, вклучувајќи ги членовите на семејството и тимските колеги, изјави Кермонд по изречената суспензија.

Според австралиската антидопинг политика, Кермонд сега има право на анализа на својот Б примерок, но, сепак, не отпатува со останатиот тим во Токио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.