Австралиската пливачка Клои Мекардел вечерва ќе се обиде да постигне рекорд по бројот на премини низ Англискиот канал, а тоа ќе биде нејзиниот 35-ти премин, со што би се срушил машкиот рекорд.
За оваа цел, таа се соочува со нов предизвик – карантин, кој го воведоа британските и француските власти среде пандемијата со корона вирусот.
Мекардел се надева дека краткиот престој на француско тло нема да ја доведе до самоизолација.
Само ќе стигнам на брегот и ќе потрошам неколку минути на копно, изјави кусо пливачката.
Мекердел (35) ќе го напушти Довер и се очекува да пристигне во Кале утре наутро.
По кратката пауза на францускиот брег, таа ќе отплови кон бродот за поддршка што ќе ја однесе назад во Англија.
Не преминуваме преку граница ниту на контрола на пасоши, се надевам дека карантинот нема да се примени, изјави таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.