По четиридневна битка за својот живот амеиканскиот боксер Патрик Деј им подлегна на тешките повреди на мозокот кој ги заработи на борбата против својот сонародник Чарлс Конвел. Искусниот 27-годишен професионален боксер доби тешки удари од шест години помладиот ривал во последната рунда од нивната изедначена борба, која за жал заврши трагично.

Деј заработи тешки удари во главата во последната минута од десеттата рунда, по што веднаш загуби свест и беше експресно испратен во најблиската болница во Чикаго каде му беше направена операција на мозокот. За жал, по четири дена минати во кома и екстремно критична состојба, лекарите доцна во среда ноќта констатирале смрт.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.