По консултации со својот лекарски тим, најдобрата гимнастичарка во светот, Американката Симон Бејлс, се откажа од настап во финалните натпревари во прескок и разбој, кои утре се на програмата на Игрите во Токио.

Засега останува потврдата за нејзин настап во натпреварите во поединечна конкуренција на греда и партер.

Американската гимнастичарка неделава ја шокираше спорската јавност, откако се откажа од настап во екипна конкуренција по лошо изведената прва вежба, а потоа се повлече и од настапот во повеќебој, во кое требаше да ја брани олимписката титула.

Лекарскиот им ќе продолжи секојдневно да ја оценува нејзината состојба за да донесе одлука дали ќе настапи во финалето на партер и финалето на греда – соопштија од американскиот тим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.