Атлетичарот од Бахамите, Стивен Гардинер, триумфира на олимписката трка на 400 метри со најдобро време сезонава од 43.85.

Сребрениот медал отиде на градите на Колумбиецот Ентони Хозе Замбрано (44.08), а бронзата замина кај Кирани Џејмс од Гренада, кој трката ја заврши со време од 44.19.

Само две стотинки зад него беше Американецот Мајкл Чери со личен рекорд од 44.21, а петти беше уште еден Американец, Мајкл Норман, кој итрча време од 44.31.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.