Алжирскиот натпреварувач во џудо, Фети Нурин, го направи првиот поголем скандал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, откако реши да си замине дома одбивајќи да ги одмери силите против противник од Израел.
Ждрепката сакаше негов прв противник да биде Суданецот Мохамед Абдалрасул, а веќе во 2. коло да ги одмери силите со Израелецот Тохар Бутбул. Поради ова, Нурин не сакал воопшто да го почне натпреварувањето, во знак на простест поради израелските напади врз Палестина.
Напорно работевме да се квалификуваме во Токио, но палестинското прашање е поголемо од се, изјави Алжирецот.
Фети пред две години од истата причина го напушти Светското првенство, откако требаше да се бори против истиот натпреварувач од Израел.
Неговиот тренер изјави дека немале среќа во жрепката и дека донеле исправна одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.