Александар Волкановски, австралиски натпреварувач во мешани боречки вештини со македонско потекло е нов светски шампион во перолесна категорија во престижната УФЦ-серија.

Тој изминатата ноќ во Лас Вегас, успеа, по голема борба да го совлада Макс Холовеј, еден од најдобрите борачи во историјата.

Волкановски, медиумите го нарекуваат Александар Велики. ТТие оценуваат дека Волкановски доминирал во текот на целиот меч и на крајот победи со едногласна одлука на судиите во негова корист.

Александар Волкановски е роден Шелихарбор во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од пелагониското село Беранци од каде на 15-годишна возраст се преселил во Австралија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.