Трката од Светското првенство во Формула 1 ќе остане во Абу Даби до 2030 година, објавија денеска организаторите на патеката на која ќе се вози последната трка од оваа сезона и ќе го одлучи светскиот првак.
Спроти завршната сезонска трка, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) и седумкратниот шампион, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) се бодовно израмнети (369.5)
Холанѓанецот има мала предност бидејќи сезонава оствари повеќе победи (девет, а Хамилтон осум) и во случај двата ривали по трката во Абу Даби да имаат ист број бодови, Холанѓанецот за прв пат во кариерата ќе стане светски првак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.