Македонскиот олимписки комитет ја предложи Миа Блажевска-Еминова да биде македонска претставничка во пливање на Летните Олимписки игри во Токио.
На олимпискиот квалификациски турнир во Белград, Блажевска-Еминова во дициплината 100 метри – слободно, постигна време од 57.13 секунди, резултат со кој го стекна правото да ја претставува Македонија на Летните олимписки игри.
Миа има 15 години, но веќе 11 години професионално се занимава со пливање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.