Познатиот тренер за боречи вештини Виктор Пестов од рускиот град Светогорск е осуден на 15 години затвор за сексуално злоставување на малолетни лица. 69-годишниот стручњак е прогласен за виновен за седум случаи на насилен сексуален однос и три случаи на блудни дела со 14-годишници.

Според истражителите, злосторствата биле извршени во домот на Пестов и во една од просториите на боречки клуб каде што е тренер.

Покрај 15-годишната ефективна казна, на Виктор Песков му е забрането да работи со деца.

Пестов е мајстор за спорт во борбено самбо и судија од меѓународна категорија. Негов најпознат ученик е ММА борецот Иван Богданов, кој е четирикратен светски шампион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.