Во страшната сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец Скопје-Тетово во село Ласкарци, меѓу 14-те лица кои го загубија животот беше и големата кошаркарска надеж Јовица Трпевски, член на КК Гостивање. Сочувство до семејството на Трпевски и до семејствата на останатите загинати испрати и Здружението на кошаркари.
„Здружението на кошаркари изразува сочуство до семејствата на загинатите во страшната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово која се случи на 13.02.2019 година. Меѓу загинатите е и нашиот колега и големата кошаркарска надеж Јовица Трпевски.
Изразуваме длабоко сочуство до неговото семејство. Меѓу нас кошаркарите засекогаш ќе остане запаметен како голем талент и одличен другар и соиграч.
Ќе ни недостасува и секогаш ќе остане запаметен.
Почивај во мир Јовица“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.