Легендарниот НБА ас, Коби Брајант во вечноста отиде со својата галеничика, Џијана.
Коби со ќерката одел на нејзин натпревар, кога, според наводите на американските медиуми, хеликоптерот поради магла удрил во планината, се запалил и изгорел.
Џијана(13) тргнала по стапките на татко и, тренирала и сакала кошарка и велат дека целосно и била предадена. Ја нарекувала Мамбасита, по примерот на татко и, кој бил познат како Црна Мамба, а Коби за неа зборувал со многу љубов.
Фановите доаѓаа до мене и ми се обраќаа во стилот: Еј, па требало да имаш син…би требало да има некој кој ќе ја продолжи традицијата, да го продолжи наследството. Тогаш ќе влеташе Џијана. Ми рече: Еј, јас сум тука. Не ни треба никакво момче за тоа. Јас го имам тоа во себе – говорел Коби.
Заедно доаѓале на натпревари, заедно биле речиси целото време, па заедно заминаа и во вечноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.