Кошаркарот на Њу Орлеанс, Зајон Вилијамсон, ја одбиол поканата да учествува на натпреварот за забивања на олстар викендот што ќе одржи во Атланта в недела. Со тоа се продолжија серијата откажувања поради кои овој турнир губи од атрактивноста што ја носта имињата на големите НБА ѕвезди.
Така, своите забивачки вештини ќе ги презентираат тројца млади кошаркари, Енферни Сајмонс од Портланд, Касиус Стенли од Индијана и Оби Топин од Њујорк.
За разлика од забивањата, на турнирот во шутирање тројки ќе има многу поголеми имиња, a ќе бидат предводени од поранешните победници Стеф Кари од Голден Стејт и Дедвин Букер од Феникс санс.
Покрај нив, за титулата најдобар шутер ќе се натпреваруваат и Донован Мичел (Јута), Џејлен Браун (Бостон), Џејсон Тејтум (Бостон) и Зак Лавињ (Чикаго).
Објавени се имињата и на учесниците во натпреварот во кошаркарски вештини во кој ќе учествуваат Крис Пол (Феникс), Лука Дончиќ (Далас), Роберт Ковингтон (Портланд), Никола Вучевиќ (Орландо), Домантас Сабонис (Индијана) и Џулиус Рендл (Њујорк).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.