И официјално е потврдено: Девет жртви има во вчерашната хеликоптерска несреќа во
близина на Лос Анџелес, во која загина легендарниот поранешен кошаркар на „Лејкерси“,
Коби Брајант заедно со неговата 13-годишна ќерка Џиџи.

Нема преживеани. Имаме потврда дека во хеликоптерот имало девет лица, пилот и осум
патници – изјави шерифот на округот Лос Анџелес, Алекс Вилануева, на пресконференција. Тој одби да ги идентификува жртвите.

Претставникот на НБА, Адам Силвер потврди дека Брајант и неговата ќерка се меѓу загинатите, и упати сочувство на сопругата на Брајант, Ванеса.
Иако не е позната причината за падот на хеликоптерот, се претпоставува дека причината
може да биде многу лошо време.

Метеорологот на Си-Ен-Ен Мајкл Гај изјави видливоста во моментот кога се урна хеликоптерот била многу мала, поради густата магла.

Влажноста беше 100 проценти. Тоа значи дека воздухот беше како супа – рече тој.

Лошото време го потврдија и од полицијата во Лос Анџелес.

Временските услови во неделата наутро не ги исполнуваа минималните услови за летање, а полициските хеликоптери биле приземјени – пренесе Си-ен-ен.

Според ТМЗ спортс, хеликоптерот на Брајант неколку пати кружел и менувал височина
пред да се упатил кон југ што заврши со фатален удар во планинска област.

ФБИ ја истражува несреќата, објави Си-Ен-Ен, а истрагата може да потрае со недели.
Воведена е забрана за летање во областа каде што се случила несреќата, а областа е
оградена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.