Македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски и Олденбург забележаа убедлива победа над Бон од 98-78 во денешниот натпревар од Бундеслигата.

Првото полувреме беше изедначено, но вторите 20 минути минаа комплетно во знакот на Олденбург кој се избори за триумф број седум во деветтиот сезонски натпревар. Нашиот Војдан кој денеска го слави 31. роденден немаше натпревар за паметење и за 15 минути на паркетот реализираше 2 поени со 4 скокови.

Олденбург со учинок 7-2 (победи и порази) е на третото место на табелата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.