Леброн Џејмс, Јанис Антетокумпо, Џејмс Харден и Лука Дончиќ остварија трипл-дабл учинок во натпреварите на своите екипи.
Актуелниот шампион ЛА Лејкерс со 128:97 го победи Голден Стејт вориорс во натпревар во кој доминираше Леброн Џејмс. Ѕвездата на „езерџиите“ мечот го заврши со 22 поени, 10 скокови и 11 асистенции, а имаше голема помош во Мотрез Харел и неговите 27 поени.
На Голден Стејт не му помогна ниту одличната игра на Стеф Кари кој постигна 27 поени.
Вториот тим од Лос Анџелес, пак, Клиперси како гости го совладаа Далас маверикс со 109:99.
На Далас на овој меч не му помогна ниту одличната игра на Лука Дончиќ кој наптреварот го заврши со 25 поени, 10 скокови и 16 асистенции.
Во „битката за Њујорк“, Бруклин благодарение на одличната игра на Кајри Ирвинг и Џејмс Харден со 117:112 го совлада Њујорк никс.
Ирвинг постигна 34 поени, додека Харден имаше трипл-дабл од 21 поен, 15 скокови и 15 асистенции.
Трипл-дабл учинок имаше и Јанис Антетокумпо во триумфот на неговиот Милвоки над Вашингтон од 133:122. Јанис постигна 31 поен на кои им придодаде и 15 скокови и 10 асистенции.
Резултати во синоќешните натпревари
Шарлот – Сакраменто 122:116
Вашингтон – Милвоки 122:133
Бруклин – Њујорк 117:112
Детроит – Сан Антонио 99:109
Далас – ЛА Клиперс 99:109
Денвер – Индијана 121:106
Феникс – Мемфис 122:99
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 97:128
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.