Сопругата на Коби Брајант, Ванеса Брајант, ја тужи компанијата што го поседувала хеликоптерот, во кој беа нејзиниот сопруг и ќерката Џијана, како и уште 7 патници, а кој на 26 јануари се сруши во близина на Лос Анџелес.

Тужбите се поднесени до судот во ЛА и тоа преку имејл, а се работи за тужби за немарност и невнимание против компанијата Island Express Helicopters.

Хеликоптерот се сруши поради лошите процени на пилотот Ара Зобајан затоа што извештаите покажаа дека немало никаков проблем со моторот на леталото.

Семејствата на уште 4 патници во хеликоптерот, кои исто така загинаа при падот, се приклучија на тужбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.