Девин Букер постигна 31 поен (7-12 за три поени), а имаше и шест асистенции и пет скока, со што го предводеше Феникс санс до триумф против Милвоки бакс со 118:108 и водство во финалето на НБА со 2:0 во победи.
Освен одличната игра на Букер, придонес за голем придонес за триумфот дадоа и сите останати членови на почетната петорка на Феникс, кои имаа двоцифрен број поени. Микал Бриџис реализира 27, Крис Пол постигна 23, додека Џеј Краудер (11 поени, 10 скока) и Деандре Ејтон (10 поени, 11 скокови) натпреварот го завршија со дабл-дабл учинок.
Кај Милвоки, Јанис Антетокумпо имаше одлична партија од 42 поени и 12 скокови, но тоа беше недоволно за неговиот тим да им се спротивстави на расположените кошаркари на Феникс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.