На натпреварот против МИнесота, Никола Јокиќ реализира 27 поени, 11 асистенции и 10 скокови со што дојде до својот шести трипл-дабл сезонава (најмногу во НБА) и вкупно 63-ти во кариерата. Таквиот учинот на српскиот центар, сепак, не беше доволен за Денвер, кој не можеше да се спротивстави на рекордната шутерска ноќ на Минесота, која славеше со 124:107.

„Шумските волци“ погодија 23 тројки од 48 обиди, од кои 16 во првото полувреме, повеќе од која било екипа сезонава. Притоа, особено се истакна Ентони Едвардс, кој реализира 38 поени, со 10 погодени тројки, што е клупски рекорд.

Карл-Ентони Таунс заврши со 32 поени и три тројки, од кои третата му овозможи да му се придружи на Кевин Гарнет како единствени двајца кошаркари на Минесота кои постигнале повеќе од 10.000 поени.

Со овој триумф, Минесота ја прекина низата од 12 порази по ред во дуелите против Денвер.

Резултати на останатите натпревари:

Кливленд – Хјустон  124:89

Орландо – Атланта  99:111

Филаделфија – Мајами  96:101

Далас – ЛА Лејкерс  104:107 (прод.)

Милвоки – Индијана  114:99

Оклахома – Њу Орлеанс  110:113

Сан Антонио – Шарлот  115:131

Јута – ЛА Клиперс  124:103

Портланд – Мемфис  103:113

Сакраменто – Вашингтон  119:105



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.